16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Канадските контролори на лет им испратија стотици пици на американските колеги кои не добиваат плата поради блокада

Канадските контролори на лет купија стотици пици за своите колеги во Соединетите Американски Држави во знак на солидарност поради делумната блокада на американската влада што ги погоди контролорите на летот.

Претседателот на Здружението на канадските контролори на лет, Питер Дафи, рече дека иницијативата почнала во четвртокот кога вработените во контролниот центар во Едмонтон почнале да собираат пари за да им купат пици на своите колеги во Енкориџ на Алјаска, објави АП.

Набргу им се приклучија и други контролни центри во Канада, а според Дафи, досега пици од Канада пристигнаа во 36 објекти.

Поради блокадата на владата, која настана затоа што демократите во Конгресот не сакаат да го одобрат финансирањето на ѕидот со Мексико што го бара Трамп, околу 10.000 контролори на лет работат без плата од декември.