17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Тајни друштва владеат со Светот?! Ова се седумте најтајни друштва во историјата

Масоните, Илуминатите, Розенкројцерите и Билдербег се само дел од друштвата за кои се претпоставува дека владеат од сенка поставувајќи свои луѓе на високите државни места во индустријата, банкарството и останати клучни позиции…

МАСОНИТЕ – Масоните се друштво со најдолга историја на постоење, (барем колку што се знае) и тие се уште постојат. Тие станаа симбол за тајни операции, бизрани ритуали и хиерархии низ кои членовите се движат по скалила во зависност од искуството и почитта во друштвото.

Оригинално се основани како сојуз на помали заедници, а првата ложа била формирана во Лондон во 1717-та година. Меѓутоа гласините за нивното постоење кружеле најмалку еден век наназад од нивното формирање. Многу современи тајни друштва се реплики на Масоните, барем кога станува збор за поздравите, тајните кодови, приватните ритуали и сложениот синџир на командување.

ИЛУМИНАТИТЕ – Ова друштво настанало со одвојување од масоните и од тогаш тие се главна тема на теоретичарите на заговор, меѓу кои најпознати се оние тврдења дека Илуминатите режирале многу катастрофи, мистерии и економски кризи. Не постојат никакви докази дека тие се уште постојат, но тоа само ги прави уште помистериозни и поатрактивни за истражување.

Баварските Илуминати се основани во 1776-та година со цел да се спротистават на суеверието, предрасудите, религиозното влијание во јавниот живот, злоупотребата на власта, но и како поддршка на образованието за жените и родовата рамноправност. Многу друштва сами си се поврзувале со нив, па и денес не се знае точната врска на илуминатите со првобитното друштво кое биле забрането во 1785-та година. За нив честопати се тврди дека управуваат со светските настани, со цел да го создадат Новиот Светски Поредок. Теоретичарите на заговор тврдат дека многу значајни луѓе припаѓаат на Илуминатите, а претседателите на САД се честа мета на таквите тврдења.

ЧЕРЕП И КОСКИ – Ова е најмалото тајно друштво од сите тајни друштва и основано е во 1832-та година на Универзитетот Јеил. Во него припаѓаат многу владини претставници (и најмалку три претседатели), но и луѓе од индустријата.

Тие се состануваат двапати неделно изведувајќи ритуали кои се многу слични како оние на Масоните, но тие не се ништо друго туку славно братство на колеџ.

РОЗЕНКРОЈЦЕРИ – Основани во 15-от век од страна на Кристијан Розенкруц во Германија, а дури два века подоцна станале познати во светот. Постојат тврдења дека токму тие ги создале масоните, илуминатите и невидливиот колеџ и дека стојат зад сите позначајни револуции во светот. Познати се и под името Братство на крстот на ружата.

Објавена е и книга за нив, која нема автор, а во неа се наведува дека нивниот основач патувал по Африка и Блискиот исток и собирал познавања од природните науки, тајните мудрости и окултизмите, а кога се вратил во Германија, го основал друштвото за да ги пренесе своите познавања на одбран круг на луѓе.

БИЛДЕРБЕРГ – Оваа елитна група секоја година се собира на различно место во луксузните хотели или ресторани ширум светот. Бидејќи состаноците се многу затворени, многумина тврдат дека тогаш, на нив се одредува судбината на целата планета.

Иако не се тајно друштво, нивното влијание во светот е загрижувачко, бидејќи ги опфаќаат скоро сите влијателни компании на светот.

ПРОТОКОЛИТЕ НА СИОНСКИТЕ МУДРЕЦИ – Хенри Форд во 1920 година во своите весници објавил серија на статии кои содржеле руски документи под назив “Протокол на сионските мудреци”, а многу брзо биле повлечени под изговор дека станува збор за лажни документи. Тоа е антисемитски памфлет кој наводно опишува еврејски и масонски заговор да завладеат со светот.

ТЕМПЛАРИ – Темпларите или “Редот на сиромашните витези на Исус и Соломоновиот храм”, односно попознати под името “Витезови Темплари” се основани на почетокот на 12 век.

Набрзо станале важен фактор на меѓународната политичка сцена во тоа време, кога добиле неколку бенефиции од папата, како собирањето на данок во подрачјата кои биле под нивна контрола. Темпларите имаат голема улога во ритуалите и основањето на разни гранки на модерните масони.