7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Овој минерал го има само во МАКЕДОНИЈА – наводно го користел и Александар Македонски

Историјата на Алшар започнува уште од времето на античка Македонија, преку римскиот период и Османското Царство до денес.

Историјата на рудникот Алшар е многу интересна, но малку позната и документирана. Станува збор за рудник што има особено голема традиција. Минерали од Алшар се најдени и во археолошките остатоци на Стоби. Во пишувани документи рудникот рудникот Алшар се споменува во турските дефтери од 1481 година. Во овој документ, кој се однесува на Рожденскиот атар (селото Рожден е во близина на Алшар), се споменува годишниот приход на турскиот султан кој изнесувал 13,380 акчиња, од кои 1,500 акчиња се дел од продажбата на арсенската руда од Алшар. Во текот на 15 и 16 век регионот бил добро развиен како резултат на дејноста во рудникот Алшар.

Следни податоци за работата на рудникот се среќаваат во документи од 1877 година, кога почнала да се формира и рударската населба Мајден. Во тој период Алшар бил даден под концесија на англиско-француска компанија со седиште во Солун, а работите во рудникот ги надгледувал инженерот Шарто. Во почетокот во рудникот биле вработени 500 работници. Денес, во долните делови на селото Мајден се забележуваат траги од старата сепарација на арсенската руда. Вака издробената и сепарирана руда со каравани со коњи и маски се транспортирала во Солун, а оттаму со воз во топилниците во Фрајберг, Германија. Токму од тие вагони биле земени и првите примероци во кои било откриено присуството на минерали на талиум (крај на 19 и почеток на 20 век). За време на балканските и Првата светска војна рудникот престанал со работа.

По Втората светска војна рудникот бил главно геолошки истражуван, а редовно експлоатирање не било воведено. Истражувањата до 1965 година резултирале со откривање количество руди на антимон, арсен и на талиум. При истражувањето е утврдено постоење на талиум во концентрации од 0,11-0,22%, посебно во северниот дел на наоѓалиштето наречено Црвен Дол.

Во почетокот на 80-тите години на 20 век за минералите од Алшар (особено за минералот лорандит) се заинтересирал и американскиот астрофизичар Мелвин Фридман, од аспект на употреба на талиумските минерали од Алшар како детектори на неутрината по потекло од Сонцето.

Лорандит е талиумов арсеничен сулфат со хемиска формула TlAsS2. Тој е откриен за прв пат во рудникот Алшар кај Кавадарци во 1894 и е именуван по Е. Лоранд, физичар од универзитетот во Будимпешта.

За Лорандитот се вели дека има натприородни-неземјени својства. Во Македонија го испитувале и научници од НАСА. Во 1978 година на тајна седница на Владата на СФРЈ е разгледувана можноста за давање на рудникот Алшар на користење на една голема светска сила која лорандитот би го користела за вселенски истражувања. Што е решено на таа седница, не е познато. Многумина научници велат дека со проучување на Лорандитот може да се дојде до толку посакуваната бесплатна енергија која би го сменила распоредот на силите во светов. Некои од истражувачите на оваа чудесна руда тврдат дека токму поради можноста за бесплатна енергија целата оваа работа останува не докрај разјаснета.

Најсигурен, и барем за сега единствен начин да се детектираат сончевите неутрина, а со тоа и да се дознае до која фаза се стигнати процесите во внатрешноста на Сонцето е со помош на ретката руда на талиумот – лорандит, која се наоѓа во рудникот „Алшар“ кај Кавадарци.

Станува збор за многу редок минерал за кој е утврдено дека во целиот свет го има единствено во Македонија или можеби уште на Шри Ланка. Неговата моќ експертите ја гледаат во тоа што единствено тој природен елемент во светот ги препознава реакциите кои доаѓаат директно од јадрото на сонцето.

До црвенкастиот кристален елемент може да се дојде со дупчење на големите камени стени во чија длабочина е скриен. Со процесите на фусија и фисија и цепење на јадрата на елементот се претпоставува дека е можно да се ослободи енергија, која во ерата на се поголема употреба на алтернативни извори на обновлива енергија е добредојдена.

За лорандитот има и мистични приказни кои се преплетуваат со историјата на Македонија и доаѓаат се до Античка Македонија и славниот Александар Македонски

Во битките кои тој ги водел секогаш точно напладне и со движење на војската од запад кон исток се јавувал силен одблесок од штитовите кој ја заслепувал противничката војска. Затоа и не зачудува успехот на фалангата на Александар. Не е случајно ниту тоа што на штитовите на фалангата се наоѓало изгравирано познатото сонце од Кутлеш. Од таму можно е да потекнува и култот на Македонците кон Сонцето.

Извор: mk.wikipedia.org

Спонзорирано: