5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

50 нешта кои треба да ги направите за да имате исполнет живот

Ослабете 6 килограми, излезете со некој(а) партнер(ка) за кого знаете дека не е добар избор за вас, скокнете со падобран, заминете на патување, имајте афера за една ноќ.

Ова се само неколку од нештата кои се најдоа на листата 50 работи кои треба да ги направите за да имате исполнет живот.

Анкетата меѓу 2.000 Британци, за тоа што животот го прави исполнет е спроведена по повод излегувањето на новото ДиВиДи со филмот Животот на Пи.

Портпаролот на истражувањето вели: „Истражувањето е занимливо бидејќи повеќето работи на листата се поврзани со искуства и достигнувања, а не со материјални работи. А токму тоа значи дека за да имате исполнет живот – треба да дојдете до таа точка во животот каде уживате во секој момент, од возбуда и авантура со секојдневната рутина“.

Во продолжение 50 начини да живеете исполнет живот:

1. Престанете да се грижите за парите
2. Престанете да се грижите за тоа што мислат другите
3. Два пати годишно одете на патување
4. Уживајте во малите нешта
5. Запознајте друга култура
6. Работете за да живеете, а не живејте за да работите
7. Отплатете ги сите долгови
8. Бидете искрен кон себе си
9. Сконцентрирајте се на она што го имате, а не она што го немате
10. Трошете пари на искуства, не штедете за црни денови
11. Имајте време за семејството и пријателите
12. Испробајте ги сите врсти храна
13. Пронајдете ја вистинската љубов
14. Отпатувајте барем во 25 земји
15. Повеќе излегувајте
16. Научете нов јазик
17. Имајте почит кон семејството и пријателите
18. Помагајте им на членовите од семејството, кога навистина им треба помош
19. Изгубете шест килограми
20. Живејте го секој ден како да е последен
21. Посетете ги сите историски знаменитости на земјата
22. Непланирано одете на „last minute“ патување
23. Волонтирајте за општо добро
24. Прифатете предизвик
25. Одете на сафари
26. Потрошете многу пари на шопинг, само затоа што можете
27. Научете да свирите на нов инструмент
28. Бидете во брак повеќе од 20 години
29. Имајте доволно пари за вашите внуци да уживаат со нив
30. Основајте семјство
31. Заработувајте повеќе од просекот за своите години
32. Имајте милениче
33. Возете брз автомобил
34. Воспитајте ги децата да бидат морални и чесни
35. Патувајте сами
36. Запознајте странци
37. Отседнете на непознато место
38. Имајте афера за една ноќ
39. Положете возачки испит
40. Завршете факултет
41. Спасете некого и на кратко уживајте во статусот на херој
42. Излезете со некого, за кој мислите дека не е добар избор за вас
43. Добијте унапредување на работа
44. Достигнете очекуван врв на кариерата до 40. година
45. Пијте цела ноќ
46. Настапете на сцена пред други
47. Бакнете непозната личност
48. Организирајте забава неочекувано
49. Впуштете се во адреналинска активност, како скок со падобран
50. Поминувајте време со деца, дури и ако не се ваши

Спонзорирано: