5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Мицкоски: Име со копче не се брише, Заев со името тргува како на тезга на пазар

МАКЕДОНИЈА(Видео) Мицкоски: Име со копче не се брише, Заев со името тргува како на тезга на пазарОбјавено пред 41 минута – 10 јануари, 2019Од Галена Николовска-Ризвановиќ

Име со дугме не се брише, име со хартија не се менува, тоа е она што сме и она што сме биле и ќе продолжиме да бидеме. Секој кој тргнал против народот свој, народ ќе му се случи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на протестот пред Собранието од импровизирана бина поставена на неколку метри од онаа на Јанко Бачев и неговите поддржувачи.

Тој порача дека сега е потребно масовно обединување. „Срцето се кине кога се витка кичмата на татковината. Главите горе, ова не е крајот, ова е почеток на нивното заминување“, рече Мицкоски.

Меѓу нас има несогласувања, додаде тој, но сите имаме иста цел и таа се вика Република Македонија.

За осумтемина независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата рече дека не треба да заборават дека му слугуваат на Заев и рече дека му е тешко кога ги гледа, но не може да им прости.

„Седнати во скутот на Заев ќе вршите валкани работи, тие што се скрпија и се притиснати се фолираат и пењават, тешко ми е кога ги гледам ама не ги оправдувам. Оние што одбраа да му слугуваат на Заев можам да ги разберам, тешко ми е кога ги гледам, но не можам да им простам. Само не заборавајте дека му слугувате на Зоран Заев. Но единствен политички противник е Зоран Заев и СДСМ, а вие ќе останете обични слуги што ќе пишувате писма и статуси на Фејсбук“, рече Мицкоски алудирајќи на исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.facebook.com/makfax/videos/377573976135227/?t=0

За барањата на Беса, тој рече дека се отвора Пандорината кутија со етнички барања на Албанците. Тој рече дека нема некој што не уценува затоа што знаат дека си имаат работа со најголемиот уценувач и блефер, а неговото име е Зоран Заев.

„На Заев му е јасно дека драматично губи кај македонскиот народ и останатите етнички заедници, па се обидува преку игра не помагајќи им на Албанците, Ромите, Бошњаците, Турците, Власите и останатите се обидува да протне барање со кое ќе им се додвори зошто избори надоаѓаат и ќе мора да тргува со нивните гласови“, рече тој.

Мицкоски го обвини Заев дека ги злоупотребува имињата на амбсадорите во контекст на притисок за уставните измени.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе стори сè за договорот за името да не се случи. „Тоа е моја заложба, ова прашање ќе го отварам во секоја прилика, при секоја средба , не знам дали ќе успеам, но ќе сторам сè заедно со вас да си го вратиме името назад“, рече Мицкоски.(Makfax)

Спонзорирано: