11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Седницата за уставните измени одложена за утре

Седницата за уставните измени по неколку обиди да почне и по неколку презакажувања не успеа да се одржи. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, потврди дека е презакажана за утре во 12 часот.

Во меѓувреме премиерот Зоран Заев ќе продолжи со координативните состаноци со Беса на Биљаљ Касами и со пратеничката група составена од осум пратеници што се одделија и што беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Како што претходно објавивме, неофицијално, се остава простор за уште еден обид за постигнување договор на премиерот Заев со Беса на Касами откако претпладнево не успеале да најдат решение за прецизна формулација на државјанството, како што бараат од оваа албанска опозициска партија.

Неофицијално еден од предлозите околу кои се обидувале да се договорат е наместо терминот „македонско“ во документите на албански јазик да пишува „од Македонија/ граѓанин на Република Северна Македонија“, по инсистирањето на Беса на Касами да се разграничи државјанството од етничката припадност. Овој предлог неофицијално не бил прифатлив за пратеничката осумка независна од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

(Makfax)

Спонзорирано: