10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Снегот прави проблеми: Неколку патишта непроодни, села отсечени

Повеќе патишта низ Македонија се непроодни, а неколку села останаа отсечени поради снежните врнежи. Според информациите од Центарот за управување со кризи, состојбата на патиштата до 17 часот е следна:

Скопски регион

Сите локални патни правци во Градот Скопје и околината се проодни освен патниот правец кон повисоките населени места на Скопска Црна Гора, односно селата Брест, Танушевци и Малино кој не е прооден, а село Танушевци нема електрична енергија.

Во општина Кисела Вода не се проодни патните правци кон селата од планинскиот регион на општините Сопиште, Студеничани и Зелениково.

Битолски регион

Регионалниот патен правец Крушево – Пуста Река не е исчистен, но е прооден за теренски возила со зимска опрема.

Охридски регион

Во општините Дебар и Центар Жупа регионалниот пат Дебар – Жировница и Дебар – Хидроелектрана Глобочица се проодни во зимски услови. Патот за село Броштица е непрооден.

Патиштата кон селата Кладник, Белица, Малкоец и Ехлоец во моментов се проодни само со теренски возила.

Во општина Македонски Брод и Пласница локалните патни правци кон повисоките села – Дренов, Крапа, Битово, Растеш, Заград, Волче, Ботушје, Бенче, Лупште, Звечан, Инче, Требовље, Брест, Косово, Рамне, Брезница, Могилец, Калуѓерец, Томино село и Сушица не се проодни.

Во општина Струга, не прооден е патниот правец од с.Присовјани до хидроцентрала Глобочица. Забрана за тешки товарни возила има на патниот правец Подмолје – Ќафасан
Патниот правец за Загрчани, Вишни и Г. Белица не е прооден

Велешки регион

Патните правци накај Г. Јаболчиште и Богомила се проодни во зимски услови.

На подрачјето на општините Свети Николе и Лозово патниот правец кон селата Немањици, Ранченци, Мечкуевци и Патетино, како и патниот правец кон селата Трстеник, Сопот, Преот, Малино, Алакинци и Крушица се проодни само за теренски возила.

Штипски регион

Патните правци во Плачковичкиот регион се тешко проодни.

Кумановски регион

Во општина Старо Нагоричане единствено регионалниот патен правец кон Р.Србија – Пелинце е прилагоден за движење, додека патните правци кои гравитираат кон селата во Козјачијата се тешко проодни.

Во општина Липково, непроодни се патните правци кои гравитираат кон повисоките села – Гошинце, Лукаре и Малино.

Во општина Крива Паланка Регионален пат Ранковце – с.Герман е прооден до с.Пклиште додека од с.Пклиште до с.Герман е непрооден.

Регионалниот патен правец Крива Паланка – с.Огут е прооден за теренски возила.

Регионалниот патен правец Крива Паланка – село Луке е прооден во зимски услови.

Од Македонија Пат и АМСМ известуваат дека забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар, Ресен – Битола на планинскиот превој Буково Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека, патниот правец Прилеп-Македонски Брод на планинскиот премин „Барбарос“, патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан, како и на патниот правец Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири).

На патниот правец Маврово-Дебар, во близина на манстирот „Св.Јован Бигорски“, поради свлечиште сообраќајот е во целосен прекин.

Спонзорирано: