6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меѓу најголемите лекари монструми, и еден Хрват

Д-р Младен Антолиќ бил лекар во Орландо кој добил десет години затвор поради оргии со пациентки, употреба на дрога и разни финансиски престапи. Факултетот за медицина го завршил во 1979 година во Загреб, а во САД заминал заради „развој на кариерата“.

Тој бил фатен во октомври 2010 година кога американската полиција презела акција со цел да го фати лекарот кој намерно препишувал силни лекови што предизвикуваат зависност. Антолиќ обично им ги препишувал на жени од кои правел зависнички, а потоа сексуално ги искористувал во замена за повеќе лекови. Тој ги снимал во својата ординација и ги уценувал да доаѓаат на неговите домашни забави на кои имало секс и дрога.

Тој беше уапсен во 2010 година, а полицијата во станот нашла мноштво ласцивни фотографии, дрога, 32 000 американски долари, оружје и електронски бројач на пари. Го очекувале 156 години затвор, но тој ја признал вината, се спогодил и бил осуден на 10 години. Затворските чувари откриле дека тој и од затвор планирал да продолжи со препродавање дрога.

Спонзорирано: