10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грчки поп претепан од сириски мигранти пред неговата црква

Грчки православен поп бил претепан од страна на неколку сириски мигранти пред неговата црква, пренесува „Прототема“.

Попот забележал дека мигрантите ги паркираат своите мотоцикли во дворот на црквата „Свети Никола” во Патисија, населба во Атина, во петокот попладне и се соочил со нив. По вжештениот разговор, азилантите го удриле попот и потоа избегале.

Полицијата првично уапсила двајца осомничени и ги испрашувала во полициската станица во Агиос Пантелејмонас, но подоцна ги ослободила поради недостиг од докази.

Набрзо по ослободувањето на првите осомничени, сторителите сами дошле во полициската станица и им се предале на властите.

Нападот доаѓа само неколку месеци по уништувањето на камениот крст во Лезбос, што мисионерските левичарски НВО претходно побараа да биде отстранет тврдејќи дека крстот промовира омраза кон мигрантите на островот, на кој е сместен голем камп за мигранти.

Спонзорирано: