17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТЕХНОЛОГИЈАТОП ВЕСТИ

Меркел цел на хакери: Објавени нејзини податоци од кредитни картички, мејл и број на мобилен телефон

Германската канцеларка Ангела Меркел е меѓу германските политичари кои се погодени од големиот хакерски напад, во кој се објавени нивни лични податоци, вклучително и информации за кредитни картички и броеви на мобилни телефони.

Бројот на нејзиниот факс, имејл адреса и неколку писма се меѓу податоците кои протекоа на интернет, преку профил на Твитер, за кој не се знае чив е. Засега уште не е познато дали тие писма, која Меркел ги испраќала и примала од други, содржат чувствителни информации.

Како што пренесуваат германските медиуми, хакирањето било откриено доцна синоќа.

Податоците на политичарите објавени на Твитер исто така вклучуваат адреси, лични писма и копии од лични карти. Во хакерскиот напад, погодени се сите големи политички партии освен крајното десно крило АФД. Идентитетот на хакерите и нивните мотиви не се познати.

Германската министерка за правосудство, Катарина Барлеј го осуди сериозното истекување на лични податоци на политичари на интернет, нарекувајќи го напад на демократијата.