3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мицотакис: Грците се заситени од политиките на Ципрас

Лидерот на грчката опозициска „Нова демократија“, Киријакос Мицотакис жестоко ја критикуваше грчката влада и премиерот, Алексис Ципрас.

Тој, како што пренесе грчката агенција „АНА-МПА“ изрази надеж дека парламентарните избори, кои ќе се одржат годинава во Грција, ќе донесат полички промени и ќе ѝ овозможат на неговата партија да ја преземе власта.

Мицотакис се осврна и на неговите добри односи со германската канцеларка, Ангела Меркел, најавувајќи дека следната недела таа ќе ја посети Атина.

Според неговите зборови, во последните четири години можело многу повеќе да се направи за развојот на грчко-германските односи, но тоа не се случило поради политиките на актуелната влада.

Мицотакис вели дека Грците се заситени од Ципрас и политичките избори што тој го направил.

Говорејќи за односите помеѓу Грција и Германија, лидерот на опозицијата истакна дека стереотипите што постојат во двете земји треба да бидат оставени во минатото, и додаде дека односите сега влегуваат во нова фаза. Според неговите зборови, тоа се однесува на економските и стратешките врски, германските инвестиции во Грција, соработката за изградба на стабилно опкружување на Балканот и соочувањето со предизвиците во Европската Унија.