11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Видео: Југозападна Македонија вечерва под снежна покривка – еве каква е состојбата

Вечерва во југозападниот дел на Македонија врнежите од снег со умерен интензитет оформија снежна покривка.

Метеоролизите најавуваат продолжување на студениот и влажен бран во текот на ноќта, како и во четврток, за кога се најавени нови врнежи од снег.

Пообилни врнежи од снег се очекуваат во западните и јужните делови на Македонија.

Според информациите кои објави УХМР се очекува формирање на снежна покривка од околу 10 до 20 см, а поради ветерот можни се и снежни наноси.

Поради ниските температури има опасност од голомразица.