20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Временска прогноза за до крајот на неделата

Под влијание на студен и влажен бран денес попладне, во текот на ноќта, како и во четврток ќе има врнежи од снег, кои пообилни ќе бидат во западните и јужните делови од земјава.

Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, на западот и југот околу 10 см, на планините и над 20 см. Поради засилениот северен ветер можна е појава на снежни наноси.

Потоа во наредните денови ќе биде променливо облачно и студено со многу ниски утрински температури и со слаби локални врнежи од снег, во петок повеќе на исток и понекаде во планините на западот, а во недела претежно на северот.

Најсончево ќе биде во сабота.

Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.