20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Познати се некои детали како Никола Груевски пребегал од Македонија

Познато е како Груевски ја напуштил Македонија. Официјално е потврдено дека Груевски најверојатно пребегал преку премин, а не преку легален граничен премин.

Државниот обвинител Јовески во интервју за Македонската Информативна Агенција тврди дека Груевски земјава ја нема напуштено преку легален граничен премин, но деталите се’ уште се утврдуваат.

Досега се обезбедени бројни докази, искази од сведоци, снимки од безбедносните камери од патиштата, патарините, граничните премини и од околината на домот на поранешниот премиер во Скопје. Сето ова, заедно со доказите прибавени од соседните земји, Јовески очекува овбинителите да откријат кој се е вмешан во организацијата на бегството.

Засега не знае точно преку кој нелегален премин наводно избегал, но при тоа нема отстапки од страна на службеници од гранична полиција на “Ќафасан”, “Свети Наум”, “Стење“, “Џепчиште” и „Блато“.

Од обвинителство за организиран криминал и корупција е потврдено само преминувањето на Груевски со дипломатско возило во Црна Гора и Србија, и од таму во Унгарија.

Во врска со тоа како Груевски влегол во Унгарија со лична карта (бидејќи пасошот му го одзеде Основниот суд Скопје 1), тоа е прашање на оваа држава-членка на ЕУ.