20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Двајца браќа побегнаа од најголемиот грчки затвор, во тек е потера по нив

Двајца затвореници побегнале од најголемиот грчки затвор во Коридалос, западно од Атина, најверојатно, со сечење на решетките од вратите на затворските келии и со прескокнување на затворската ограда, по што грчката полиција почнала интензивна потера по нив.

Двајцата мажи, браќа кои биле осудени за грабеж, очигледно избегале по ноќната прозивка, соопшти полицијата.

Бегалците ги пресекле решетките на нивните ќелии и излегле во мал двор од каде што, со помош на импровизирано јаже со кука изработено од вреќи, се качиле на надворешниот ѕид на затворот и го прескокнале истиот, се наведува во соопштението.

Во вторникот наутро затворските власти откриле дека двајцата затвореници се исчезнати и веднаш почнале истрага за нивното бегство.