20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
televizija
СВЕТ

Телевизори со рамен екран испловија на холандското крајбрежје

Десетици контејнери со техничка стока, вклучувајќи и телевизори со рамен екран, испловија денеска на бреговите на холандските острови Тершелинг и Влиланд откако од брод испаднале во немирното море, објави холандската крајбрежна стража.

Околу 200 контејнери поради силните бранови испаднале од бродот MSC ZOE, кој пловел под панамско знаме, пренесе холандската телевизија RTL Nieuws.

На снимките што ги емитуваше холандската телевизија, се гледа како ловци на „богатство“ ги разгледуваат предметите што испловиле на островите, меѓу кои имало и светилки и телевизори, објави агенцијата „Ројтерс“.