20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Обезбедувачи на дискотека му се заканувале на 22-годишно момче

Велешанец пријавил во полиција дека му се заканувале вработени како обезбедување на дискотека во градот.

Според полицијата, Х.К.(22) од Велес пријавил дека на 1 јануари околу 2 часот од страна на Ј.Л.(23) и Б.С.(35), вработени како обезбедување во дискотека лоцирана на улицата Алексо Демниевски, бил однесен во магацинскиот простор што се наоѓал во склоп на дискотеката, каде што му упатиле закани и потоа го пуштиле да си оди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.