Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Напад во Германија: Со автомобил влетал во група пешаци, признал дека мрази странци

Маж со автомобил со голема брзина влетал во група пешаци за време на новогодишната ноќ во западна Германија, при што биле повредени најмалку четири лица.

„Истражните органи во моментов веруваат дека се работи за умислен напад поврзан со ксенофобични ставови на возачот“, се вели во заедничката изјава на полицијата и обвинителството.

Возачот бил уапсен кратко време по нападот што се случил во градот Ботроп во Северна Рајна-Вестфалија. Според истражителите, постојат информации дека станува збор за лице со нарушено психичко здравје.

50-годишниот напаѓач првично тргнал со автомобилот кон еден пешак кој успеал да се спаси. Тој потоа со автомобилот се упатил кон група пешаци во центарот на градот, меѓу кои имало Сиријци и Авганистанци.

Потоа напаѓачот се упатил во градот Есен, каде што, исто така, се обидел со автомобилот да влета во група луѓе кои стоеле на автобуска постојка.

„Полицијата го уапси возачот кратко време по нападот. Тој признал дека е ксенофобичен“, соопштија властите.