15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Иванов: Очекувам оваа година Македонија конечно да стане членка на НАТО

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги посети припадниците на АРМ во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево.

„Очекуваме оваа година да биде успешна за Армијата, односно Армијата да го добие тоа што и припаѓа, конечно да станеме членка на НАТО, да ја добиеме поканата и Македонија конечно да биде членка на НАТО“, истакна претседателот Иванов.

Македонскиот претседател имаше заеднички ручек со припадниците на АРМ во касарната, а новогодишните празници, преку видео-конференциска врска, им ги честиташе и на припадниците распоредени на јужната граница како и на учесниците во мисиите во Авганистан, во Либан и во Босна и Херцеговина, на кои им посака успешно завршување на мисиите и враќање во своите домови.