10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Личност на годината - 2018МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Оливер Спасовски – министер на годината

Редакцијата на Centar.mk го избра првиот човек на македонската полиција, Оливер Спасовски за министер на годината.

Од тврдина од која доаѓаше злото направи полиција сервис на граѓаните. Отворена, транспарентна, достапна постојано на граѓаните.

Спасовски постојано го гледавме на непосредни средби со граѓаните, како еден од најактивните министри, беше и учесник на разни меѓународни конференции.

Според последната анкета на ОБСЕ, дури 75 отсто од граѓаните се изјаснија дека се чувствуваат безбедни. Од полиција со минимум доверба до полиција со 75 отсто доверба.

Статистиките покажуваат дека криминалот се намалува. Дека откривачката дејност се зголемува. Реформите одат со одлично темпо. Се враќа маалскиот полицаец за поголема безбедност. Подобрени состојби во сообраќај, намален број на жртви од сообраќајни незгоди.

По речиси цела деценија, полициските службеници добија униформи, се реновираат полициските станици.

Спонзорирано: