8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Пред некој ден ми се јавија од пошта да дојдам бидејќи некој ми испратил пари, мислев дека е некоја грешка…

Пред неколку дена ме повикаа од пошта бидејќи некој ми испратил пари. Мислев дека е некоја грешка, бидејќи немам никој кој би ми испратил пари, а сум и во тешка финансиска ситуација, па искрено помислив дека некој се шегува со мене.

Кога отидов, ми рекоа дека имам писмо и 3.000 долари, а јас не можев да поверувам. Го земав писмото и почнав да го читам.

Еден пријател од основно училиште кој сега живее во Америка, порано беше сиромашен како што сум јас сега.

Секогаш му давав колку што можев, делев сендвичи на половина, пиевме сокови од исто шише, ми беше како брат.

Пред 10 години се отсели во Америка, на печалба, па изгледа успеал во тоа.

На крајот од писмото пишуваше: „Брате, кога и да ти биде потребно нешто, само јави ми, знам како ти е сега и знам каков човек си кога имаш. Фала му на Бог, јас сега имам доволно и сметај го тоа како и ти да имаш. Твојот брат…“

Ни сега не можам да верувам дека после толку години се сети на мене и дека памти сè.

Изгледа дека и во овие тешки времиња се исплати да си човек. Кој би рекол…