18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Жолтите елеци“ со предупредување: Ако не попушти Макрон следи општа мобилизација

Жолтите елеци и натаму се мобилизирани, а нови протести се одржуваат денеска низ Франција, соопштија претставниците на ова движење, пренесе Спутник. Ова е седма сабота по ред што се одржуваат протести против политиките на претседателот Емануел Макрон.

Претседателот на движењето, Бенјамин Коши изјавил дека демонстрации ќе има и во текот на новогодишната ноќ, за да се покаже дека мобилизацијата нема да биде прекината со почеткот на 2019 година, пренесе АФП.

Тој предупредил дека доколку не бидат зголемени отстапките на Макрон, кон крајот на јануари ќе следи општа мобилизација.