18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Руското МНР: Барањата на Меркел и Макрон се неприфатливи

За Русија се неприфатливи барањата на германската канцеларка, Ангела Меркел и францускиот претседател, Емануел Макрон, украинските морнари да бидат ослободени, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Меркел и Макрон вчера од Русија побараа ослободување на украинските морнари кои се заробени заедно со бродовите во ноември на Кречкиот теснец, помеѓу Црното и Азовското море.

„Бараме безбеден, слободен и непречен транзит на сите бродови низ Кречкиот теснец и итно и безусловно пуштање на нелегално притворените украински морнари“, наведоа Меркел и Макрон во заедничкото соопштение.

Русија минатиот месец заплени три украински брода со екипажот, истакнувајќи дека навлегле во нејзините територијални води, што Украина го негира.