8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Нема зголемување на платите за замениците во Владата

Денеска ВМРО-ДПМНЕ повторно излажа, соопшти дека ќе се зголемуваат платите на замениците на претседателот на Владата, иако Владата јавно ги демантира овие наводи, реагира СДСМ, по прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според СДСМ, опозицијата нема што да им понуди на граѓаните, па затоа шири лажни вести. Социјалдемократите тврдат дека Владата ниже економски успеси и преку суштински реформи ја стабилизира економијата и ја поставува на вистински колосек.

„По години апатија и уназадување на економијата, денес економијата е придвижена во вистинска насока, се бележи економски раст ,зголемено индустриско производство и извоз, нови работни места и повеќе пари кај граѓаните. Најновите податоци објавени од Државниот завод за статиските кадешто во ноември 2018 година е нотиран раст на индустриското производство од 4,9 отсто во однос на ноември 2017 и раст на бројот на работници во индустријата од 3,5 отсто, се само последните во низата економски показатели што ја докажуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Спонзорирано: