20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

МВР со детали за убиството во Скопје: Убиениот имал 38 години, приведено едно лице

Едно лице е приведено за убиството што синоќа се случи на улицата „Шарпланинска“, во населба Даме Груев во Скопје.

Утврдено е дека убиениот е 38-годишен скопјанец, со иницијали Д.Н. , а делото е извршено со огнено оружје, соопшти МВР и додаде дека телото е предадено на обдукција.

Како што велат од полицијата, лицето лежело на улицата без знаци на живот, а до него имало возило “пасат“ со скопски регистерски таблички, за кое подоцна е утврдено дека е сопственост на Д. Н. (65).

По насоки на јавниот обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.