9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Убиство во Прилеп: Маж ја избоде љубовницата пред очите на синот

Синоќа на улицата „Круме Волнарски“ во Прилеп се случило убиство на кое претходела вербална расправија. МВР соопшти дека е убиена 33-годишна жена (Е.Г.) во домот на убиецот, со кој таа била во љубовна врска.

„Е.Г. во домот на убиецот дошла заедно со нејзиниот син“, соопшти МВР.

Убиството го извршил Х.К. (36), кој ја усмртил жената со неколку убоди со нож во пределот на градниот кош.

Х.К. е приведен, а телото на жената е дадено на обдукција.

Спонзорирано: