6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Манчевски: Ќе се бираат заменик-директори само за 12 претпријатија

Измената на Законот за јавни претпријатија со која се предвидува нова функција – заменик-директор се однесува само на 12 претпријатија формирани од Владата, а не и за општинските и тие на Град Скопје, рече министерот за информатичко општество и јавна администрација, Дамјан Манчевски.

Тој смета дека неосновано се направила фама околу Законот бидејќи не се работи за стотици туку за само 12 заменик-директори и, како што рече, не била тајна дека дел од претпријатијата не функционираат добро, но не сакаше да каже кои.

Тој уверува дека целта на измените е подобро функционирање на јавните претпријатија.

Спонзорирано: