14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Наставничка од основно училиште од Скопје со влечење сакала да исфрли ученик од училница

Скопјанка пријавила во полиција дека нејзиниот син бил нападнат од неговата наставничка.

Вчера во 12:30 часот 43-годишната М.П. од Скопје пријавила дека на 25.12.2018 година околу 08:30 часот добила телефонски повик од страна на нејзиниот малолетен син кој бил на наставен час во основно училиште во населбата Аеродром, кој и рекол дека неговата одделенска наставничка С.Д. го влечела за раката и се обидела да го изнесе надвор од училницата. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Спонзорирано: