19.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Први вестиМАКЕДОНИЈА

Владата ќе му го зададе последниот “удар” на Мицкоски доколку се обиде да ги опструира претседателските избори – Ова е најавата

Во случај ВМРО ДПМНЕ да оди на варијанта бојкот, Владата ќе возврати со моќен одговор дознава Centar.mk.

Според владини извори Владата без калкулации ќе предложи претседател да се бира во Собранието.

Високите владини функционери дури и размислуваат да Владата наскоро да предложи измени на Уставот и избор на претседател во Собранието, доколку се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ планира да ги бојкотира претседателските избори, велат високи владини извори.

За да се избере претседател потребни се 720 илјади гласови, односно 40 проценти од гласовите. За потсетување на референдумот за промена на името излегоа 666 илјади граѓани.

Иако ВМРО ДПМНЕ не повикала на бојкот на претстојните претседателски избори, сепак оваа варијанта е ставена на маса бидејќи постојат гласини и подбуцнувања од страна на разни аналитичари ВМРО ДПМНЕ да ги бојкотира изборите.