14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
izbori
СВЕТ

Одложени изборите во Авганистан

Претседателските избори во Авганистан, кои беа закажани за април, ќе бидат одложени за неколку месеци со цел да се добие време на решавање на проблемите што се појавија при октомвриските парламентарни избори.

„Потребно е дополнително време за да се верификуваат избирачките списоци, но и да се обучи персоналот за биометрискиот систем за идентификација, кој беше направен со цел спречување изборни измами“, изјави Абдул Азиз Ибрахими од Независната изборна комисија.

Сè уште не е одреден нов датум за претседателските избори.