11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОИЗБОР

Едногласно усвоен буџетот на Општина Ресен за 2019-та

Денес, на одржаната седница на Советот на општина Ресен едногласно беше изгласан буџетот на општина Ресен за 2019 година. Во своето обраќање пред Советот на општина Ресен градоначалникот Живко Гошаревски истакна:

,, Буџетот за 2019 година е реален, транспарентен и економичен и при неговото изготвување се почитуваше принципот на буџетска дисциплина и рационално и наменско трошење, со што се намалија непотребните непродуктивни трошоци, а се зголемија развојните програми.

Изработен е на основа на измените на законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, при што приходите со закон се ограничени на зголемување на 10% од реализираните приходи од претходните три години, и се стриктно определени од министерство за финансии. Вака изработениот буџет за околу 10 милиони денари е помал од минатогодишниот.

Вкупниот буџет на општина Ресен за 2019 година е проектиран на сума од 354.647.405,00 денари, а основниот буџет е проектиран на 174.421.378,00 денари.

Оваа година поголем приоритет се дава за изградба и реконструкција на патишта и улици, системи за водоснабдување, системи за одведување на отпадни води како и изработка на проекти.

За прв пат после десетина години општината Ресен предвиде ставка за стимулирање на наталитетот во рамки на општината Ресен со обезбедување на вкупен износ од 200.000 денари и поединечниот износ за првородено дете кој ќе биде утврден согласно Програмата за унапредување на здравствената и социјална заштита во општина Ресен за 2019 година и Правилникот за распределба на средствата за оваа намена по усвојување на буџетот за 2019 год.

Во областа на образованието преку блок дотациите од државата, може да се каже дека оваа година основно образование ќе може редовно да ги сервисира обврските кон своите доверители, во последните две години блок дотацијата за основно образование е зголемена за околу 8.000.000 денари, со што во глобала се создаваат услови за овозможување на помали инвестиции, набавки на потребни училишни помагала, средства за хигиена и сл.
Исто така, Ве информирам дека јас како предлагач на буџетот на општината за 2019 година и како најодговорен во реализацијата на буџетот, во целост ќе ги почитувам принципите на транспарентност, јавност, отчетност и одговорност.

Сакам да искажам благодарност на стручните служби од локалната самоуправа кои ги изготвија сите Програми за 2019 година и буџетот за 2019 година и за нивната посветеност во работата .
И на крај голема благодарност кон Советот на општината кој што ги донесе сите потребни Програми за 2019 година кои беа основа за изготвување на Буџетот за 2019 година.’’

Спонзорирано: