14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Десет луѓе годинава платиле половина милијарда долари за станови на Менхетн

Десет лица, од кои некои, како што пренесува „Блумберг“, го кријат својот идентитет зад името на компании, годинава потрошиле вкупно половина милијарда долари за купување станови на Менхетен во Њујорк.

Иако оваа сума можеби звучи импресивно, истата е значително пониска во споредба со претходните три години, пренесува агенцијата од Њујорк.

Највредниот стан на Менхетен годинава бил дуплекс на врвот од новиот облакодер дизајниран од Роберт Штерн, чија цена изнесувала 73,8 милиони долари.

Тоа е 26 отсто пониска цена од рекордот поставен во 2014 година, кога еден пентхаус на зграда на 57. улица со поглед кон Централ парк беше продаден за нешто повеќе од 100 милиони долари.

„Блумберг“ додава дека во последните 12 месеци се намалени цените на осум од десетте најскапи станови во Њујорк, при што само кај еден од нив имало намалување за 17 милиони долари пред да најде купувач.