14.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Брод со луѓе од Нигерија и Либија моли за безбедно пристаниште

Приватен спасувачки брод со 33-ца бегалци бара безбедно пристаниште на Средоземното море и моли некој да го прифати.

Екипажот на бродот, со кој раководи германска хуманитарна група напиша на својот профил на „Твитер“ дека бегалците биле спасени од водите недалеку од Либија на 22 декември, пренесе „АП“.

Малта и Италија соопштија дека нема да им дозволат влез на спасувачките бродови на нивните пристаништа, а екипажот денеска апелираше до Германија да ги прими бегалците, меѓу кои има и деца.

Се работи за луѓе од Нигерија и Либија.

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини изјави дека неговата земја дозволила во Италија да влезат околу 700.000 мигранти кои последните години биле спасени од морињата, па порача до другите европски земји да го преземат својот дел.