14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Папата Франциско: Суштината на животот не е да се поседуваат предмети, да живееме поедноставно

Папата Фрaнциско ги воведе католиците во Божик повикувајќи ги луѓето од развиениот свет да живеат поедноставен и помалку материјалистички живот, осудувајќи го длабокиот јаз меѓу богатите и сиромашните.

Франциско (82) на шестото одбележување на Божик во рамки на неговото папство предводеше свечена божикна миса пред околу 10 000 луѓе во базиликата „Свети Петар“.

За време на празниците зголемена е безбедноста во Ватикан и другите туристички локации во Рим.

Папата во својата проповед рече дека новородениот Исус, кој дошол на светот во сиромаштија и во штала, треба да ги охрабри сите, особено алчните и нескромните да размислат за вистинската смисла на животот.

„Да се ​​прашаме дали нам навистина ни се потребни сите тие материјални работи и компликувани рецепти за живот, Може ли да се живее и без тоа непотребно изобилство, да се живее поедноставен живот?“, рече Франциско.

„Денес многу луѓе смислата на животот ја гледаат во тоа што го поседуваат, во изобилството на материјални предмети. Ненаситната алчност ја карактеризира целата човечка историја, вклучувајќи ги и денешните времиња кога, иако звучи парадоксално, ретки се тие кои вечераат во изобилство, а многу луѓе немаат ни парче леб за да преживеат“, рече папата.

Франциско е првиот папа од Латинска Америка, а борбата против сиромаштијата ја назначи како приоритет на неговото папство.

Ватикан во саботата објави дека за бездомниците во Рим за Божик е донирана нова клиника на плоштадот Свети Петар, каде што тие можат да добијат бесплатна здравствена заштита.

Спонзорирано: