18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Метео предупредување од УХМР: Силен ветер, студ и снег во вечерва во Македонија

Синотичарите за денес најавуваа променливо облачно и студено, претпладне со слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе предизвика значителен пад на дневната температура.

Од УХМР истовремено објавија метео предупредување:

Под влијание на влажен и студен бран денес во попладневните часови ќе има врнежи кои ќе бидат претежно од дожд, а во текот на ноќта на планините, како и во некои пониски места ќе преминуваат во снег.

Пообилни врнежи од дожд ќе има во текот на ноќта, во северните делови, локално од 10 до 15 л/м2, а во ноќните часови врнежите во западните делови насекаде ќе бидат од снег, повремено ќе се интензивираат и ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20см.

Попладне ќе дува умерен западен, а во текот на ноќта засилен северен ветер кој повремено ќе достигнува брзина до 80км/ч.