11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Напад со автомобил бомба пред министерство во Авганистан

Автомобил наполнет со експлозив се разнесе пред авганистанското Министерство за јавни работи, по што следеше пукање со огнено оружје, соопшти Министерството за внатрешни работи во земјата, пренесе „Ројтерс“.

Се наведува дека нема податоци за жртви.

Портпаролот Насрат Рахими објави дошло до пресметка помеѓу вооружените лица и авганистанските безбедносни сили по експлозијата.