16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Индиец го загуби британското државјанство поради злоупотреба на 7-годишно дете

Индиец беше осуден од судот во Велика Британија за сексуална злоупотреба на 7-годишно дете од сопственото семејство и му е одземено британското државјанство, пренесува новинската агенција ПТИ.

Судот го осудил Индиецот на 14 години затвор, а тој бил засекогаш запишан и во регистарот на сексуални престапници.

Човекот бил осуден по 23 одделни точки од обвинението и сега се соочува со депортација во Индија. Судот го осуди за намамување и силување малолетно момче помеѓу 2003 и 2010 година.

Индиецот поднел жалба на пресудата која му била прифатена, но земајќи ја предвид сериозноста на предметот, одлуката во случајот била поткрепена со одлука на министерот за внатрешни работи, Саџид Џавид, да му го одземе пасошот на обвинетиот, а со тоа и неговото британско државјанство. Ова, всушност, значидека тој ќе биде депортиран во Индија.