10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
МАКЕДОНИЈА

За една ноќ фатени 38 пијани возачи во Скопје

Во акциска контрола на сообраќајната полиција во Скопје, синоќа се фатени и казнети 38 пијани возачи.

Акцијата за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол беше спроведена во периодот од полноќ до 5 часот изутринава, а биле запрени 209 возачи.

„Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 209 возачи, a кај 38 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта. По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 38 мерки. Исклучени се 38 возачи од сообраќај, издадени се 38 мандатни платни налози и откриени се 23 останати прекршоци“, соопштија од МВР.

Спонзорирано: