11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Изречени 227 казни за непочитување на забраната за дотур на стока

За една година откако Градот Скопје ја воведе забраната за дотур на стока во центарот на градот, Министерството за внатрешни работи изрекло 227 казни. Од Градот велат дека кај нив секојдневно стигнуваат поплаки од граѓани кои упатуваат на непочитување на одлуката за забрана за вршење дотур на стока во централното градско подрачје во периодот од 7:30 до 18 часот.

Градот Скопје апелира до дистрибутерите да ја почитуваат одлуката, за да се намали сообраќајниот метеж и застоите во централното градско подрачје, а со тоа да се намали и загаденоста.

Забраната важи за центарот на градот, односно за потегот од улицата Франклин Рузвелт до Транспортниот центар, од булеварот Илинден до крстосницата кај ТЦ „Мавровка“, односно од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов до Јужен булевар, додека забраната согласно со одлуката на Општина Центар важи за сите сервисни улици на територијата на општината.

Возилата за дотур на стока можат да се движат низ центарот да градот, а стока да носат во дуќаните само ако се паркираат на паркинзи, но не смеат да ја истовараат стоката застанувајќи на улица и на тротоарите.

Спонзорирано: