19.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најтажен момент од несреќата кај Ниш: Родителите се онесвестиле кога дознале дека синот им починал

-Што и кому сум му згрешил, цел живот на сите им помагав. Што сум јас виновен да останам без детето од 15 години и тоа поради туѓа вина – лелекал таткото на младиот Алекса Димитријевиќ кога во Клиничкиот центар во Ниш дознал дека синот му загинал на пружниот премин.

Мајката на Алекса се онесвестила, па била однесена со носилка на понатамошно згрижување.

Во Ниш денеска е прогласен ден на жалост. Од градските власти изразиле сочувство за семејствата на настраданите.

Пет лица загинаа, а 27 се повредени во петокот утрината при судирот на воз и автобус.