12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Корбин: Ќе го спроведам брегзит ако победам на изборите

Лидерот на опозициската бритнска Лабуристичка партија, Џереми Корбин, рече дека ќе го спроведе процесот на брегзит и ќе побара повторно да преговара за условите за напуштање на ЕУ, доколку победи на вонредните избори следната година.

„Треба да се вратите и да преговарате и да видите каква би била агендата”, изјави Корбин за британски „Гардијан“, на прашање шро тој би направил ако победи на предвремените парламентарни избори, објави „Ројтерс“.

Пред само неколку дена бритнаските власти соопштија дека Кабинетот на Тереза Меј се подготвува да дискутира на тема дали владата треба да ги забрза подготовките за брегзит без договор.

Ова се случи како резултат на коментарите на премиерката Меј, која изјави дека пратениците нема да гласаат за нејзиниот договор за брегзит до третата недела во јануари.

Лидерот на лабуристите, Џереми Корбин, предложи глас на недоверба против Меј додавајќи дека таа ја довела Велика Британија во државна криза.

Владата го отфли овој предлог со образложение дека се работи за глупави политички игри.

До официјалниот брегзит преостануваат уште 101 ден, а голем број пратеници сè уште се против договорот за повлекување, додека, пак, министрите ја разгледуваат можноста за излез без договор.

Сепак, голем број пратеници се противат на идејата за излез, без договор.