18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Стоилковски: Во политиките на власта нема ниту „с“ за социјални политики, тоа „с“ е само за северна

Власта не реагира по критиките за новата мерка, за бркањето на пензионерите, хонорарците и оние што се вработени на зелените пазари, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на денешната прес-конференција.

„Законски им забрануваат да тргуваат на зелените пазари и предвиделе казни од 1.500 до 2.000 евра за тие лица. Наметнуваат лиценци што ќе важат од Нова година, а потоа ќе казнуваат. Црната власт не се грижи за народот, во нивните политики нема ниту ‘с’ за социјални политики, тоа ‘с’ е само за северна. Не мислат дека оние што се на минималец, со мала плата, хонорар или пензија, не им стасува да преживеат во услови на спирала на покачување на цените. Да се разбереме, оние што имаат повисока плата, не стојат на пазарите“, изјави Стоилковски.

Стоилковски додава Зоран Заев заборавил и на нивите, и на родот, и на земјоделците и на пазарите. „Оваа мерка удира по чесните, оние за кои државата не одвојува доволно, а им го поскапува преживувањето, оние што, наместо живот, повторно се туркаат во црнила“, додава тој.

„Власта ги зацрнува зелените пазари. Го осиромашија народот, ги скрати примањата, пензиите, ги крена акцизите на горивата, го уништи земјоделството. Ранливите категории на сила ги влечеа од пазарите, им ги шутираа производите, а сега носат и закон со кој дури 30 отсто од трговците на пазарите ќе бидат спречени чесно да носат денар повеќе во своите домови. И ќе казнува со илјадници евра. Црната мерка е спротивна со принципите на слободната пазарната економија, но и е противуставна. Според Уставот, секому му е загарантирано право на работа и остварување дополнителен приход“, вели Стоилковски.

Спонзорирано: