18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Шилегов: За обнова на Финскиот парк во Ченто ќе бидат потрошени 6,5 милиони денари

Реконструкцијата и хортикултурното уредување на Финскиот парк во населбата Ченто е во завршна фаза, информира градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

„Деновиве работиме на реконструкција и хортикултурно уредување зелена површина од речиси 13.000 квадратни метри во Финскиот парк во населбата Ченто. Површината е прекопана, исчистен е шутот, донесена е нова плодна хумусна земја и се подига нов тревник. Првпат во овој парк е поставена хидрантска мрежа со систем за полевање со прскалки. Поставени се 23 шахти и 145 прскалки за наводнување на зелената површина. За обнова на овој парк се одвоени околу 6,5 милиони денари од буџетот на Град Скопје, а на терен работеа екипите на ЈП ‘Паркови и зеленило’“, изјави Шилегов.

Тој додаде дека буџетот за животна средина за 2019 година е зголемен 32 отсто и додаде дека зголемување има и во делот за подигање паркови и зеленило за над 50 милиони денари.

„Зазеленувањето останува на врвот на листата на приоритети на Град Скопје. Ќе ја искористиме пролетта да го обновиме загубеното зеленило и да им обезбедиме на нашите сограѓани повеќе чисти зелени површини. Влогот во здрава животна средина е трајна придобивка која непосредно влијае врз здравјето на сите сегашни и идни генерации“, нагласи Шилегов.

Спонзорирано: