26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ципрас ги осуди потезите на Косово

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, во Белград ги опиша како неприфатливи косовската такса од 100 проценти за производите од Србија и Босна и Херцеговина и обидот за создавање косовска војска. Ципрас активностите од страна на Косово ги оцени како потези што предизвикуваат дестабилизација на регионот.

„Ги осудувам потезите на Косово и ги поддржувам напорите на Белград да постигне решение“, изјави Ципрас по разговорот со српскиот претседател, Александар Вучиќ.