26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган: Турција може да ги искорени остатоците од Исламската држава

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека САД одлучиле да ги повлечат трупите од Сирија кога тој го убедил американскиот претседател, Доналд Трамп, дека Турција може да ги искорени остатоците од Исламската држава од земјата со логистичка помош на Вашингтон.

Говорејќи на работен состанок во Истанбул, Ердоган рече дека Турција ќе работи на плановите да изведе операции за да ги елиминира ИД и сириските курдски екстремисти од регионот, пренесе АП.

Тој ја поздрави одлуката на Трамп за повлекување на трупите и го нарече тоа најјасна изјава од Вашингтон за која оцени дека е охрабрувачка. Ердоган додаде дека Турција е сепак внимателна повикувајќи се на негативните искуства од минатото.