26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британски министер за одбрана: Црното Море не ѝ припаѓа на Русија

Британскиот министер за одбрана, Гавин Вилијамсон, ја посети Украина, при што на својот украински колега му рекол дека Црното Море не ѝ припаѓа на Русија и дека Британија таму испратила свој брод за да покаже дека Киев не е сам.

Вилијамсон го рекол тоа во моменти кога тензиите во тоа подрачје се големи откако Русија минатиот месец заплени три украински брода со екипажот во теснината Керч обвинувајќи ја Украина дека влегла во нејзините територијални води.