26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија протерала шведски дипломат откако ѝ биле одбиени две барања за визи

Русија протерала шведскиот дипломат од Москва откако официјален Стокхолм отфрлил две руски барања за дипломатски визи, објави шведското Министерство за надворешни работи.

Официјален претставник за печат во Министерството, одбивајќи да даде дополнителни детали, изјави дека Шведска изразува жалење поради одлуката на Русија.

„Радио Шведска“ неодамна објави дека Москва наводно протерала аташе од земјата. Според шведскиот весник „Експресен“, Стокхолм одбил да им издаде визи на двајца дипломати стравувајќи дека двајцата Руси можеби да имаат врски со разузнавачките служби.