26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Исламска држава ги напаѓа позициите на курдските сили во Југоисточна Сирија

Терористичката Исламска држава изврши напад врз позициите на Сириските демократски сили (СДФ) во регионот на Хаџин во југоисточна Сирија, вели Мустафа Бали, шеф на медиумската канцеларија на СДФ.

„ИД почна голем напад, таму се случуваат жестоки судири. Само 35 отсто од Хаџин е ослободен од нашите сили “, објасни тој.

Високата сириска курдска претставничка Илхам Ахмед рече дека курдските сили во северна Сирија можеби нема да можат да ги задржат заробените затвореници од ИД ако ситуацијата во регионот излезе од контрола.

Говорејќи заедно со неа на прес-конференцијата во Париз, Риад Даар, копретседател на Сирискиот демократски совет, рече дека се надеваат оти Франција ќе игра поактивна улога во Сирија откако американскиот претседател, Доналд Трамп, одлучи да ги повлече американските сили, пренесува „Ројтерс“.