11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

По страшната несреќа во Ниш се огласи автобуската компанија и соопшти информации за возачот и автобусот

„Возачот беше одморен. Вчера смената ја заврши во 16:45 часот, а утринава во 06:25 часот започна со возење. Пред тоа е контролиран тој и возилото и се беше во ред, вели Новица Ташиќ, заменик директор на „Ниш експрес“, автопревозник чиј автобус утрово учествуваше во стравичната несреќа на пругата кај Ниш.

Директорот на полицијата Владимир Ребиќ, по увид на местото на несреќата, кажал дека за истата најверојатно виновен е возачот.

Од Ниш експрес велат дека со автобусот управувал возач со искуство од 5 години и 9 месеци.

Нагласиле дека автобусот кој учествувал во сообраќајката имал зимски гуми.

Во несреќата утринава загинаа 5 леица, а 27 се повредени.

Спонзорирано: