9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кирацовски се сретна со градоначалничката на Арачиново

Денес, како пратеник во Собранието на Република Македонија, остварив работна средба со градоначалничката на општина Арачиново, Милиќије Халими.

Градоначалничката истакна дека некои од проектите веќе се реализирани. Реновирани се општинската зграда, училиштето и спортската сала во рамките на училиштето.

Жителите долго време немаа решение за проблемот со водоводот и канализацијата. Во моментов се работи на тоа во најскоро време да се надмине проблемот.

Го потврдив мојот став дека останувам посветен на решавањето на проблемите и потребите на граѓаните, особено оние кои живеат руралните општини.

Владата на Република Македонија и парламентарното мнозинство и во иднина ќе бидат посветени на заложбите за едно општество за сите!

Спонзорирано: